дома Свет „Њујорк Тајмс“: Иран почна евакуација на високи воени команданти и функционери од...

„Њујорк Тајмс“: Иран почна евакуација на високи воени команданти и функционери од Сирија

2

  Иран започна со евакуација на високи воени команданти и функционери од Сирија, дознава „Њујорк Тајмс“.

Според извори од Иран и регионот, евакуацијата почнала вчера наутро, а меѓу евакуираните има команданти од елитната воена единица на Иранската револуционерна гарда, дипломати, нивните семејства и цивили.

Некои од официјалните лица ја напуштија Сирија со авион, додека други отпатуваа по копно за Либан, Ирак и сирискиот крајбрежен град Латакија.

Иран, заедно со Русија, беше клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад за време на повеќе од децениската граѓанска војна во земјата, поддржувајќи го владеењето на Асад како дел од иранската „оска на отпорот“ која се противи на Израел и САД, со поддршка на либански Хезболах и други ирански групи.

ПредходнаВо Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употребила водени топови и солзавец
СледнаАсад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна