дома Свет Сириски бунтовници: Подготвени сме за меѓународна соработка заради стабилност

Сириски бунтовници: Подготвени сме за меѓународна соработка заради стабилност

2
   Сириските бунтовнички групи денеска објавија дека ќе се стремат кон соработка со „пријателските народи“ за постигнување стабилност и безбедност, откако го симнаа од власт претседателот Башар ал Асад и го зазедоа Дамаск.

„Ослободена Сирија има за цел да ги продлабочи врските со сите братски и пријателски народи врз основа на меѓусебна почит и интереси. Ќе се залагаме за конструктивна улога во регионот и светот за да се постигне безбедност и стабилност“, се наведува во соопштението.

Лидерот на главната сириска опозициска група во странство, Хади ал Бахра, изјави за „Ал Џазира“ дека ќе се состане со арапски и европски земји, како и со претставници на ОН, за да се договори следната фаза за Сирија.

ПредходнаМакрон: Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение
СледнаСедум членови на мафијата Ндрангета осудени на 125 години затвор