дома Свет Атал се извини за видеото во врска со израелско-палестинскиот конфликт

Атал се извини за видеото во врска со израелско-палестинскиот конфликт

62





Фудбалерот на Ница, Јусеф Атал се извини за неговите зборови за конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Пред два дена, 27-годишен Алжирец објави видео на социјалните мрежи во кое повикува на „црн ден за Евреите“. Играчот подоцна го избриша видеото.

Градоначалникот на Ница го повика фудбалерот да се извини и му се закани со исклучување од клубот.

– Сфаќам дека мојата публикација шокираше многу луѓе, што не беше моја намера. Се извинувам за ова. Би сакал јасно да го изразам моето недвосмислено гледиште: силно ги осудувам сите форми на насилство, каде и да се случуваат, и стојам покрај сите жртви. Никогаш нема да поддржам говор на омраза. Мирот е идеал во кој цврсто верувам, напиша Атал на социјалните мрежи.

Поради воените дејства, сите спортски натпревари на израелските екипи се одложени на неодредено време.

МИА

– Реклама –








ПредходнаХамас е виновен за страдањето на цивилите во Појасот Газа
СледнаЕУ членство во 2030-та е амбициозен, но достижен датум, заеднички работиме на таа цел