дома Свет Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ

Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ

Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ 

  Во Брисел денеска ќе се одржи 17-тиот состанок на Меѓувладината пристапна конференција ЕУ-Црна Гора на кој треба привремено да бидат затворени три преговарачки поглавја.

Станува збор за поглавјата 7 – „Право на интелектуална сопственост“, 10 – „Информатичко општество и медиуми“ и 20 – „Претпријатија и индустриска политика“.

Црна Гора досега привремено затвори три преговарачки поглавја, додека во исто време преговара по 33 поглавја во преговорите за членство во ЕУ.

На Конференцијата ќе присуствува и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој за време на престојот во Брисел ќе има средби со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

ПредходнаПријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на регионот
СледнаСредношколци во Нови Сад бликораа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата