ЛОНДОН – Научниците веруваат дека физичката активност не само што е добар начин за подобрување на расположението, туку е и корисна за зачувување на меморијата.
Студијата на Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 30 минути умерена до интензивна физичка активност и најмалку шест часа сон во текот на ноќта можат да придонесат за подобрување на когнитивните способности следниот ден, пишува Гардијан.
„Заклучокот е дека физичката активност е добра за вашиот мозок, а добриот сон помага“, вели д-р Микаела Блумберг, водечки автор на студијата.
Истражувачите забележале дека физичката активност претходно била поврзана со краткорочни подобрувања во когнитивната функција и намален ризик од деменција.
“Идејата е дека луѓето кои имаат благо когнитивно оштетување можат да ги подобрат когнитивните способности на дневна основа преку физичка активност. Тоа може да направи голема разлика”, вели д-р Блумберг.




