Поранешниот вицепремиер Артан Груби кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија.
Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.
Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија.
Папранику е сопственик на „Нептун“, а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.
Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.