Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според одлуката, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за денар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за денар.
Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.