дома Магазин Филмот на Тејлор Свифт во домашните кина заработил над 95 милиони долари

Филмот на Тејлор Свифт во домашните кина заработил над 95 милиони долари

56

Филмот за американската музичка ѕвезда Тејлор Свифр „Taylor Swift: The Eras Tour” од нејзината истоимена концертна турнеја во текот на викендот доминирал во северноамериканските кина, а од продажбата на влезници во САД и во Канада заработил меѓу 95 и 97 милиони долари, проценува кино дистрибутерот AMC Theaters.

Најисчекуваниот филм годинава, така, поставил рекорд за еден концертен филм, надминувајќи ги 29,5 милиони долари колку што заработи филмот за канадската тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер под наслов „Justin Bieber: Never Say Never“ во првите три дена од прикажувањета во 2011 година.

Конечните податоци за заработката во текот на викендот ќе бидат објавени подоцна во понеделникот.

Доколку се одржат моменталните процени, филмот со Тејлор Свифт, сепак, нема да успее да ги исполни најоптималните проекции на аналитичарите на кино-благајните. Тие предвидуваа дека на домашниот пазар заработката во текот на викендот ќе изнесува меѓу 100 и 140 милиони дилари.

Пејачката минатата среда изјави дека додава уште термини за прикажување на филмот и рани проекции, за да го задоволи интересот на публиката.

ПредходнаДневен хороскоп за понеделник, 16-ти октомври 2023-та
СледнаПочина актерката Сузан Сомерс, ден пред нејзиниот роденден