дома Свет ЕК го осуди рускиот напад врз зградата во Киев во која се...

ЕК го осуди рускиот напад врз зградата во Киев во која се наоѓа и Македонската амбасада

2
ЕК го осуди рускиот напад врз зградата во Киев во која се наоѓа и Македонската амбасада 
  Европската комисија го осуди денешниот руски ракетен напад врз зграда во Киев во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и Македонската амбасада во Украина.

– Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за ЕУ и за нашата севкупна безбедност, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, запрашана дали ЕК има намера да вложи дипломатски протест до Русија, имајќи предвид дека меѓу дипломатските претставништва во ракетираната зграда има и амбасади на земји членки на ЕУ, Хипер само кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“.

Претходно, македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

– Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, соопшти Министерството.

ПредходнаJаневска : Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
СледнаАлбанските, косовските и македонските иселеници двојно ја зголемија фреквенцијата на пристаништето Драч