дома Свет Американски суд: Израелската компанија за шпионски софтвер NSO Group илегално ја хакирала...

Американски суд: Израелската компанија за шпионски софтвер NSO Group илегално ја хакирала мобилната апликација Вотсап

2

Американски суд: Израелската компанија за шпионски софтвер NSO Group илегално ја хакирала мобилната апликација Вотсап

  Американски судија пресуди во корист на мобилната апликација Вотсап (WhatsApp) во тужба со која го обвини израелскиот развивач на шпионски софтвер NSO Group за искористување на грешка во апликацијата за инсталирање шпионски софтвер што дозволил следење на 1.400 луѓе, вклучително и новинари, активисти за човекови права и дисиденти.

Судијата Филис Хамилтон од окружниот суд во сојузната држава Калифорнија пресуди во скратената постапка во корист на Вотсап за отштета што произлегува од хакирањето на апликацијата и прекршувањето на договорните обврски од страна на NSO Group, според судските документи во кои имаа увид американски медиуми.

ПредходнаАлбанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
СледнаБилд: Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург