дома Свет ЕУ изрази загриженост поради осудата на 25 цивили од страна на пакистанскиот...

ЕУ изрази загриженост поради осудата на 25 цивили од страна на пакистанскиот Воен суд

2

ЕУ изрази загриженост поради осудата на 25 цивили од страна на пакистанскиот Воен суд 

  Европската Унија со загриженост го нотира осудувањето на 25 цивили од страна на Воениот суд во Пакистан на 21 декември, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Според ЕЕАС, ЕУ смета дека овие пресуди не се во согласност со обврските што ги има преземено Пакистан врз основа на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

– Во согласност со член 14 од Пактот, секое лице има право на правично и јавно судење пред суд кој е независен, непристрасен и надлежен и има право на соодветно и ефикасно правно застапување. Исто така, предвидено е дека секоја пресуда донесена за кривично дело треба да биде објавена во јавноста, се наведува во соопштението на ЕЕАС

Службата потсетува дека според одредбите на Генерализираната шема на ЕУ за преференции – плус (ГСП+), земјите опфатени со неа, меѓу кои е и Пакистан, за да можат да имаат корист од вклучувањето во инструментот, доброволно се согласиле ефикасно да имплементираат 27 основни меѓународни конвенции, меѓу кои и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

ГПС+ е инструмент на ЕУ кој има за цел да им даде “посебен поттик на земјите во развој кон одржлив развој и добро владеење“. За да имаат полза од опфатот со ГПС+ овие земји мора да се усогласат со 27 меѓународни конвенции поврзани со почитување на човековите и работничките права и принципите на доброто владеење, како и на заштита на животната средина. Во моментов со ГПС+ се опфатени Боливија, Зеленортската Република, Киргистан, Монголија, Пакистан, Узбекистан, Филипини и Шри Ланка и тие се ослободени од царини за извоз на некои нивни производи во ЕУ.

Пакистанската армија во саботата соопшти дека Воениот суд осудил 25 лица на казни „строг затвор“ во траење од две до 10 години поради нивно учество во напади врз воени објекти за време на антивладините протести во Пакистан во мај 2023 година. Во соопштението нема повеќе детали за пресудите, кои не се ни објавени, но се најавува дека откако ќе заврши правната постапка ќе бидат соопштени казните и за уште „десетиците преостанати обвинети во врска со ова насилството“.

ПредходнаМинималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
СледнаГрупата на либералите во ЕП иницира исклучување на бугарското ДПС од своите редови