дома Балкан Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за...

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање на новинари и активисти

3

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање на новинари и активисти

  Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти.

АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“.

Во извештајот на АИ вклучени се и сведочења на новинари и активисти, кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека бил во притвор или за време на испитувањето.

Додека српската полиција тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите.

Активистите ја контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права.

ПредходнаКривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
Следна„Гардијан“: Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето