дома ТОП ВЕСТИ Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила

Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила

Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила

  По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.

Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција, се наведува во соопштението од Обвинителството.

ПредходнаВо Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години
СледнаНајмалку 179 загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја