дома Економија Битиќи најавува закон за корекција на платите на функционерите

Битиќи најавува закон за корекција на платите на функционерите

57

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека денеска на Влада ќе биде поднсено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

-Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави синоќа Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Тој нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

-Остануваат денови до обзнанување на новиот пакет мерки, рече Битиќи, и нагласи дека оваа Влада предводена од СДСМ поинаку ги сфаќа ранливите категории и креира мерки таргетирани за нив.

Законот за минимална плата е закон кој, рече, мора да почитува и во јавниот и во приватниот сектор, а следното усогласување мора да се случи во март, кога минималната плата ќе се усогласи со стапката на инфлација и растот на просечната плата, додека пензиите се усогласуваат два пати годишно.

Вицепремиерот Битиќи меѓу другото, истакна дека значително растат и странските инвестиции во државата.

Пикот на инвестиции по влезот во НАТО, според него, беше одложен поради ковид кризата, но дека сега доаѓа. При тоа посочи дека се водат финални преговори со јужнокорејските компании Хјундаи и ЛГ да донесат дел од производството во нашата држава, додека други компании како Герцхајмер, Техникал текстајл, Вик влегуваат во наредни циклуси на инвестиции.

Истовремено, вели Битиќи, се поддржуваат домашните компании и тоа поддржани се 919 македонски компании, кои имаат реализирано 500 милиони инвестиции, кои се доволно конкурентни за отворениот пазар на ЕУ.



ПредходнаДневен хороскоп за вторник, 17-ти октомври 2023-та
СледнаЕСМ: Најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода добија парно