дома Политика Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат, а ЕУ да...

Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат, а ЕУ да донесе стратегиска одлука

7

 

ЕУ да донесе стратешка одлука како ќе постапува со Македонија, 2025та е година со неславен јубилеј – 20 години кандидатски статус.

Ваква порака им испрати шефот на дипломатијата Муцунски, на работниот појадок, на амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во земјата. Без да ги спомне уставните измени, Муцунски, порача дека доследно се исполнуваат договорите со Грција и Бугарија, а Владата е подготвена на дијалог во добра волја и изнаоѓање на рационални решенија.

– Патот напред не води преку константна билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања кои имаат малку заедничко со сржта на европската идеа и нејзините вредности. Напротив, потребна е геополитичка одговорност и одлуки кои ќе зближуваат наместо да не делат. Се надевам и очекувам дека во 2025та година, ќе направиме крупни чекори кон натамошно усогласување со европските стандарди и конечен почеток на процесот на преговори, преку отворање на првите преговарачки поглавја, рече министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Му одговори евроамбасадорот Рокас –  годинава  да не се однесува „само на сечење ленти“, туку и на напредок во процесот со ЕУ. Според Рокас новото раководство на ЕУ е посветено на процесот на проширување. Ги најави и посетите на еврокомеската Марта Кос и шефицата на европската дипломатија Каја Калас во првиот семестар на годинава.

– Се надевам дека оваа година нема да се однесува само на сечење ленти, туку и на напредок во процесот на пристапување. Имаме одлична платформа на која можеме да работиме – реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во годината 2025та – ги има многу, вели евроамбасадорот Михалис Рокас.

Вчера еврокомесарката за проширување Марта Кос, на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) потенцираше дека Македонија мора да покаже волја за промена на Уставот, за да ги продожи преговорите со ЕУ.

ПредходнаБугарија и нуди договор на Северна Македонија за граничниот железнички тунел
СледнаПроштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија, закана за демократијата и слободата