дома Свет Исламскиот тероризам се врати, сите европски земји се ранливи

Исламскиот тероризам се врати, сите европски земји се ранливи

61

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа се соочува со оживување на исламскиот тероризам и дека „сите европски земји се ранливи“.

„Вчера повторно го видовме тоа во Брисел, сите европски земји се ранливи“, рече Макрон на прес-конференција во Тирана.

Тој додаде дека има „извесно враќање на исламскиот тероризам“, пренесува ТВ БФМ.

Макрон изрази солидарност со Белгија, каде вчера напаѓач, по потекло од Тунис, уби двајца и рани едно лице во предградие на Брисел.

Минатата недела во францускиот град Арас, млад човек по потекло од руската република Ингушетија уби професор и повреди две лица во средно училиште.

Денеска, пак, Версајската палата беше повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден.

Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради дојава за поставена бомба.

„Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денешниот ден“, објави Версајската палата на својот налог на мрежата „Икс“.

Версајската палата беше евакирана и во саботата исто така поради дојава за поставена бомба.

Франција од петокот вечерта го подигна нивото на безбедност на највисок степен, по убиството на наставникот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во градот Арас, а во тој инцидент уште три луѓе се тешко повредени, вклучувајќи го и напаѓачот.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаГенералниот директор на „Алкалоид“ панелист на „Трансформација 28“ во организација на „Црвен крст“
СледнаБегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ