дома Свет „Вашингтон пост“: Советот за национална безбедност на САД суспендира десетици вработени

„Вашингтон пост“: Советот за национална безбедност на САД суспендира десетици вработени

2
„Вашингтон пост“: Советот за национална безбедност на САД суспендира десетици вработени

  Советот за национална безбедност на САД суспендираше и испрати дома десетици вработени одговорни за Украина, Иран и Северна Кореја, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори.

Според весникот, на 22 јануари, шефот на кабинетот на американскиот советник за национална безбедност, Брајан Мекормак, одржал „краток разговор“ во кој им рекол на службениците од редот на помошниците или делегираните службеници веднаш да ја напуштат зградата, да си одат дома и да останат „во контакт“.

Тој, исто така, рече дека треба да се вратат на работа само ако тоа го побараат шефовите назначени од Трамп.

Одлуката беше донесена толку брзо што некои вработени не можеа нормално да го напуштат комплексот на Белата куќа бидејќи им беа одземени пропусниците, изјави еден од изворите на „Вашингтон пост“.

Таквите мерки весникот ги нарече „чистење“ што новиот американски претседател Доналд Трамп го прави во раководството на САД за да го усогласи со идната политика на неговата администрација.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Брајан Хјуз, изјави дека советникот на американскиот претседател Мајкл Волц наредил „проверка“ на десетици службеници во Белата куќа, одговорни за различни прашања.

Ова има за цел, меѓу другото, да се осигура дека персоналот на Советот за национална безбедност е „посветен на исполнување на агендата на Трамп  – Америка на прво место“, рече Хјуз.

Од пладне на 20 јануари, кога Трамп ја презеде функцијата, рече тој, „спроведуваме анализи за персоналот и донесуваме одлуки врз основа на проценки“.

ПредходнаРаст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања во декември во однос на ноември
СледнаШвајцарски градови мета на руски хакери за време на Светскиот економски форум