дома Култура Клеопатра не била црна, тоа се измислици

Клеопатра не била црна, тоа се измислици

78

Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“. Се работи за документарната серија „Клеопатра“, во која улогата на египетската кралица ја игра актерката Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло.

И еден од најпознатите археолози во Египет, Захи Хавас, стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“.

Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле најмалку девет јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски.

Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка.

Според продуцентите на серијата, изборот Адел Џејмс да ја игра улогата и Клеопатра да биде прикажана со црно потекло е „одраз на вековната дебата за расата“ на египетската кралица.

„Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница, ни е многу важно овие приказни да бидат познати“, изјави познатата американска актерка Џејда Пинкет-Смит (воедно и сопруга на актерот Вил Смит), која е наратор и продуцент на серијата.

Но, сите овие изјави наидоа на осуда во Египет. Споменатиот еминентен египтолог Хавас, кој воедно е и поранешен министер за антиквитети на Египет, вели дека сите овие аргументи се базирани на измислици.

„Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко“, изјави тој.

Адвокатот Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на „Нетфликс“ во Египет, при што платформата ја обвинува за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаГ7 загрижени за вештачката интелигенција, во Хирошима ќе разговараат за меѓународни правила и ChatGPT
СледнаНАСА објави нова компилација од фасцинантни видео снимки од Земјата во 4К резолуција (ВИДЕО)