дома Свет Зеленски потврди дека САД тајно испорачале моќни ракетни системи ATACMS во Украина

Зеленски потврди дека САД тајно испорачале моќни ракетни системи ATACMS во Украина

67

Американските балистички ракети со долг дострел се тајно испратени во Украина и се користат на бојното поле против Русија, изјави официјален претставник запознаен со потегот.

Веста потоа ја потврди и Зеленски.

Испораката на ракетите се држеше во тајност, а првата јавна потврда се очекуваше да дојде кога проектилите ќе бидат употребени на бојното поле.

Зеленски и другите украински лидери извршија притисок врз САД да го обезбедат ракетниот систем, познат како ATACMS, но САД се спротивставуваа со месеци, загрижени дека Киев би можел да го искористи оружјето за да нападне длабоко во руска територија.

Бајден се согласи на испораката минатиот месец и му кажа на Зеленски за време на состанокот во Белата куќа дека САД ќе ѝ дадат на Украина ATACMS.

Меѓутоа, САД одбија да дадат какви било детали за времето или бројот на испорачани проектили.

Поради загриженоста во Вашингтон за ескалација на тензиите со Русија, верзијата на ATACMS што е испорачана во Украина има помал дострел од максималниот дострел на ракетите.

Додека некои верзии на ракетите можат да патуваат преку 300 километри, оние што се испраќаат во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која се отвора во воздух кога е истрелана, ослободувајќи стотици бомби наместо една боева глава.

МИА

– Реклама –

ПредходнаЌе се утврдуваат локации за префрлање на кафеавите мечки, најавен акциски план
СледнаХамас соопшти дека Израел погодил болница во Газа и убил 600 луѓе, ИДФ ги проверуваат наводите