дома Uncategorized Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп

Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп

Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп

 Американката Микаела Шифрин се запиша во историјата на алпското скијање, откако попладнево ја забележа победата број 100 во Светскиот куп.

Шифрин до историското достигнување дојде на 29 годишна возраст со триумфот во слалом во Сестриере, Италија.

Вкупното време за Американката која е 1:50.33 минута за трета победа оваа сезона и вкупно 63. во слалом.

Второто место го освои Зринка Љутиќ од Хрватска со заостанување од 61 стотинка, додека трета беше Пола Молцан од САД со 64 стоти делови од секундата послабо време од сонародничката.

Љутиќ е нов лидер во поредокот во слалом со 489 бодови, пред Камила Раст (Швајцарија) со 450 и Катарина Линзбергер (Австрија) со 384.

ПредходнаНајголемиот предизвик е да ги нацртам очите на животните, преку нив се обидувам да ја доловам нивната душа
СледнаФранција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025