дома Магазин Тигрестите комарци кои можат да пренесат опасни вируси се шират низ Европа

Тигрестите комарци кои можат да пренесат опасни вируси се шират низ Европа

79

Здравствените власти во Париз за прв пат извршија дезинсекција за да ги убијат тигрестите комарци кои се размножија во француската престолнина и северна Европа поради климатските промени, пишува „Гардијан“.

Тоа е специфичен метод на дезинсекција, каде што инсектите се убиваат со употреба на гас и пареа под строго контролирани услови. Патиштата беа затворени и луѓето беа замолени да останат затворени во југоисточен Париз во раните утрински часови, бидејќи изведувачите за контрола на штетници прскаа со инсектицид на дрвја, зелени површини и други области каде што се размножуваат комарци.

Ваквите сцени се редовна појава во тропските градови, а сега се сѐ позастапени и во Европа, каде тигрестиот комарец пристигна од Југоисточна Азија. Овој инсект може да ги пренесе опасните вируси на денга, зика и чикунгуња, кои во добар број случаи може да завршат со смрт на заразените.

„Тоа беше прва дезинсекција во Париз, но не и прва во Франција“, рече Ане Соврис, заменик-градоначалничка на Париз задолжена за здравствена политика, истакнувајќи дека југот на земјата е заразен со тигрести комарци веќе неколку години.

Целната област на дезинсекција беше 150 метри околу куќата на лице кое се заразило со денга треска во странство, со цел да се намали ризикот од понатамошно пренесување на болеста. Лицето кое го вовело вирусот, имено, во случај на каснување од тигрест комарец, може и самиот да стане носител на болеста на другите, објаснуваат експертите.

МИА

– Реклама –

ПредходнаСедницата за уставни измени ќе продолжи кога ќе се создадат услови, во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес
СледнаИзмените на Законот за државјанство во Србија претставуваат ризик за безбедноста на ЕУ