дома Свет Убиени 50 заложници по киднапирање на воз

Убиени 50 заложници по киднапирање на воз

 

Вооружени лица во Пакистан денеска соопштија дека убиле 50 заложници откако киднапирале воз со над 400 патници.

Според претставник од безбедносните служби, десетици сепаратисти од провинцијата Белуџистан разнеле железничка пруга и истрелале ракети кон возот.
Пакистанските власти објавија дека нападот врз возот е завршен и дека сите напаѓачи биле убиени.

Официјални лица од безбедносните сили изјавија дека биле спасени 300 заложници и дека операцијата сè уште трае, без да дадат детали за загинатите заложници.

Сепаратистите го нападнале возот со околу 450 патници вчера во тунел во оддалечен дел од Белуџистан.

Според официјалните извори, меѓу спасените има жени и деца, а во судирите загинале и неколку припадници на безбедносните сили.

 

ПредходнаТрамп повторно повика Гренланд да стане дел од САД
СледнаБожиновска во Азербејџан: Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас