
Власта не прави никакви реформи, тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во вестите на Сител.
Каранфилова Пановска нагласи дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието, не претставува ништо друго, освен кршење на уставните начела на владеење на правото и на поделба на власта, а дополнително постапката да 5 членови на судскиот совет, за кои беше поднесена и изгласана интерпелација претставува дискириминација во однос на другите осум членови на Судскиот совет.
Заменик претседателката потенцираше дека владеачкото мнозинство, ДПМНЕ и Мицкоски не прават никаква реформа во правосудсниот систем, единствено што прават го уриваат уставниот поредок и правната држава.
-Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет, рече Каранфилова Пановска.
Таков тип на мешање на законодавната, а денеска со изјавата на заменик министерот за правда, мешање и на извршната власт директно во работата на Судскиот совет, не покажува ништо друго, освен притисок врз судиите и инсталирање на партиски послушници, додаде таа.
-Не ни е така далеку паметењето, кога имавме судии и судски систем, во којшто се нарачуваа и пресуди, се нарачуваа и процеси. Ова не е ништо друго освен амбиција, притисок, врз членовите на судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во интервјуто за Сител Телевизија.