дома Магазин Дневен хороскоп за четврток, 19-ти октомври 2023-та

Дневен хороскоп за четврток, 19-ти октомври 2023-та

57

ОВЕН
Непотребните расправии ви ја трошат енергијата и вие добро го знаете тоа. Без многу врева ќе се фокусирате на работата, ве очекуваат новости. Вложувајте во нештата коишто ве зближуваат со партнерите, колегите и луѓето од опкружувањето. Со овој потег ќе ги поставите рабтите во ваша полза и вашите работи ќе се развиваат побрзо.

БИК
Ќе добиете предлози, над коишто ќе се замислите, заедно со тековните должности и одговорности. Таков ќе биде денот за повеќето од вас, покажете ја силата на карактерот и не паѓајте во крајности со духот. Наскоро ќе сфатите дека вашиот труд не бил залуден. Резултатите ќе ја подобрат постојната состојба.

БЛИЗНАЦИ
Денот ќе ви биде преоптоварен, но од друга страна ќе ви донесе многу позитивни емоции и ќе ве остави со надежи. Имате причини за радост и во интимниот живот, постојаниот партнер многу пријатно ќе ве изненади.

РАК
Избегнувајте да се дружите со луѓе кои ве иритираат со нивните погрешни и намерно искривени совети. Дистанцирајќи се од нив, ќе станете посмирени и поуспешни. Финансиски договор или друга комерцијална операција ќе ви донесе профит. Романтичните желби ќе ве поттикнат да барате блискост на посебна личност, веќе знаете која е таа.

ЛАВ
Исклучително добри позиции и претставувања во деловните кругови. Вашата напорна работа ќе ви ги донесе резултатите што ги посакувате, но размислете за цената на она што сте го постигнале. Имате доволно простор за акција, а среќата нема да ве изневери. Посетете место каде што не сте биле досега, ќе ве растовари.

ДЕВИЦА
Се подготвувате за нешто големо на професионален план. Имате конкретни идеи што точно да правите, како и поддршка од луѓето со кои работите. Никој не се сомнева во вашите професионални квалитети, што дополнително ве стимулира да го следите патот што сте го избрале. На интимен план ве очекува посакуван исход кој ќе направи да се чувствувате навистина добро.

ВАГА
Многумина од вас ќе преземат нови активности за генерирање приходи. Обидете се да не се разочарате барем себеси. Ова може да биде добар потенцијал за во иднина. Разбирањето од саканата личност ќе го зајакне вашиот оптимизам. Обидете се да се издигнете над рутината и да внесете нови емоции во врската.

ШКОРПИЈА
Ограничете ги обврските на минимум, избегнувајте да се врзувате за туѓите обврски. Бидете смирени и внимавајте на сопствените желби. Има нешто што може да ве направи среќни, доволно е само да не го игнорирате. Промената на амбиентот е добар начин да се расположите.

СТРЕЛЕЦ
Појавените недоразбирања нема да ви го расипат расположението денеска. Имате причина да бидете задоволни од сработеното во текот на седмицата. Некои од ва ќе добијат понуда да се вклучат во заеднички проект со луѓе што ги ценат. Ова ќе ги поттикне да преземат нови задачи, да експериментираат и со интерес ќе го откријат своето идно поле на дејствување.

ЈАРЕЦ
Непоколебливо чекорите кон она што сте го зацртале. Луѓето се потпираат на вас и сосема природно ги прифаќаат вашите организациски стремежи. Ако се фатите за нешто, тоа го правите сериозно, а тоа е еден од вашите највредни квалитети. Не флертувајте на работното место, тоа може да доведе до несакани компликации.

ВОДОЛИЈА
Ќе внимавате на сѐ што на некој начин влијае на вас. Нема да бидете рамнодушни кон работата, партнерите, саканите и времето. Добрите односи во семејството ќе ви овозможат заедно да ги планирате наредните денови. Обидете се да донесете мир таму каде што тој недостига.

РИБИ
Обидете се да најдете повеќе време за одмор. Вашите обврски веројатно може да почекаат додека ситуацијата со вашето здравје не биде иста. Потребна ви е кратка пауза за да ги стабилизирате нервите и да се подновите. Сè што ви носи задоволство и создава удобност е пожелно и свртете се кон него.



ПредходнаФОТО I Не e за оние со слабо срце! Ивана Кнол
СледнаПочнува 42. Скопски џез фестивал