дома Македонија Политика Намален бројот на работниците во индустријата

Намален бројот на работниците во индустријата

Намален бројот на работниците во индустријата

  Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 3.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 5.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 22.3 %.

ПредходнаЕК ја тужи Шпанија за дискриминаторски третман на нерезидентните даночни обврзници
СледнаКако убивал првиот сериски убиец во Македонија Палчо