дома Економија Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО, уште...

Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО, уште една зделка за милионски профит

54

-Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина.

Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе.

Народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини. Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста, додаваат од таму.



ПредходнаИзвештајот на Светска Банка е „шамариште“ за власта, за Македонија во 2023 предвидува најмал раст на БДП во регионот, огромна инфлација и зголемен дефицит
СледнаЛидл почна да бара работници во Македонија