дома Црна хроника Изречени 193 санкции за брзо возење

Изречени 193 санкции за брзо возење

54

Во текот на вчерашниот ден (19.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.



ПредходнаЛидл почна да бара работници во Македонија
СледнаКадиевска Војновиќ: Владата се презадолжува, како надворешно така и домашно!