дома Црна хроника Подигнати доказни материјали за случајот со труење со пита

Подигнати доказни материјали за случајот со труење со пита

51

Силен отров метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата е причина за труењето на три лица, од кои едно почина.

Од МВР информираат дека од лице место подигнати се доказни материјали кои се предадени на натамошно вештачење.

-На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден почина снаата, а нејзиното тело е дадено на обдукција. Бабата е хоспитализирана на КАРИЛ, додека синот е во стабилна состојба.



ПредходнаГодишен раст од 8,9% на вкупните депозити и од 5,8% на вкупната кредитна поддршка во септември
СледнаФОТО I Најатрактивната жена на планетата пристигна на бал во долна облека – рај за очите