дома Македонија Влен зоврива- Таравари бара сите партии да излезат со посебни листи за...

Влен зоврива- Таравари бара сите партии да излезат со посебни листи за локалните избори

 

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците кој е дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска изјави дека во разговорите инсистирал сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи.

-Во преговорите сум инсистирал да имаме посебна листа како Алијансата за Албанците, но и другите партии, бидејќи мотивираме повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори. Но, ќе видиме, ќе направиме, рече тој.

Таравари истакна дека со лидерите од коалицијата Влен се во континуирана комуникација и оти имаат коректни односи. Потенцира дека се подготвуваат за локалните избори и очекува наскоро да излезат и на јавноста да им ги кажат ставовите

ПредходнаСиноќа прегазен пешак во Чаир
СледнаТурски астролог предвидува прекрасен април за овој знак: Среќата, богатството и успехот ќе го обземат каде и да оди