дома Свет Во воздушен напад во Газа погодена грчка православна црква каде биле засолнети...

Во воздушен напад во Газа погодена грчка православна црква каде биле засолнети раселени Палестинци

51

Грчката православна црква Свети Порфириј во Газа била погодена синоќа при воздушни напади, соопшти Ерусалимската патријаршија. Според Скај њуз, во неа нашле засолниште раселени Палестинци.

Патријаршијата додаде дека останува посветена на својата верска и морална должност да обезбеди поддршка и засолниште за сите на кои им е потребно, и покрај тековните израелски барања за евакуација на цивилите и притисокот врз црквите, објави Си-Ен-Ен.

„Напаѓањето на црквите и нивните згради, вклучително и засолништата што ги штитат невините цивили, особено децата и жените кои ги загубија своите домови за време на израелските воздушни напади врз станбени области во изминатите 13 дена, претставува воено злосторство што не смее да се игнорира“, се вели во соопштението на Ерусалимската патријаршија.

Мохамед Абу Селмија, генерален директор на болницата Шифа, рече дека десетици се повредени во црквата Свети Порфириј, но не можеше да даде точен биланс на загинатите бидејќи телата се уште се под урнатините.

Палестинските власти го обвинија израелскиот воздушен напад за експлозијата. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел била команда и контролен центар на Хамас во близина, што предизвикало штета на ѕидот на црквата.

„Претходно денеска, воени авиони на ИДФ погодија команден центар на терористите на Хамас вклучени во лансирањето ракети кон Израел. Командниот центар се користел за напади против Израел и во него била терористичка инфраструктура. Имаме сознанија за извештаи за жртви. Инцидентот е под ревизија“, се вели во синоќешното соопштение на ИДФ.

МИА

– Реклама –

ПредходнаХамас и Путин се различни закани, но заедничко им е тоа што сакаат целосно да ја уништат демократијата
СледнаИталијанската премиерка Мелони се раздели од својот партнер по неговите сексистички коментари