дома Спорт ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023...

ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023 година ја потврди доминацијата во шахот

75



И машката и женската екипа на ШК Алкалоид со максимален ефект и со седум победи во седум кола стигнаа до Шампионските титули во својата конкуренција.

За машката екипа на Алкалоид ова е 11-та последователна титула и вкупно 25-та од вкупно одржани 31 Екипен шампионат во сениорска конкуренција, резултат тешко достижен во кој било спорт!

ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023 година ја потврди доминацијата во шахот

За потсетување, членовите на ШК Алкалоид претходно ги понесоа и индивидуалните титули за 2023 година – ЖФМ Моника Стојковска во женска и ВМ Звонко Станојоски во машка конкуренција.

ШК Алкалоид на крајот имаше 14 меч бодови и 34 поени, при што играчите покажаа мотивација до самиот крај, иако трофејот беше резервиран уште по 6. коло со освоените бодови и победи во претходните кола во директните дуели. Во последното 7. коло против ШК Пелагон од Прилеп славеше победа со 4 : 2. Сите членови на екипата покажаа сигурна и мотивирана игра. Странските шахисти си го оправдаа реномето, а најдобра игра покажа ВМ Инѓиќ Александар. За победничката екипа одиграа: ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Филип Панчевски, ИМ Тони Лазов, ВМ Роландо Кутиров, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, Филип Михов и Михаил Јорданов.

– Моја лична желба беше да имаме ждрепка преку која ќе се сретнеме со конкурентите за првото место порано на турнирот и тоа се оствари. Го победивме Гамбит во првото коло, а потоа и Прилеп во третото коло, по што имавме многу поопуштена атмосфера и мислам дека добрите игри на некои поединци се должат токму на таквата психолошка растовареност. Сите членови на екипата покажаа сигурна игра и добра форма. ШК Алкалоид од година в година го подмладува својот играчки ростер и искрено се надевам дека и младите со гордост ќе ги бранат боите на клубот во годините што доаѓаат – вели ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, кој беше и капитен на екипата.

Второто место му припадна на Гамбит Асеко СЕЕ, а на третото место е ШК Прилеп, кој имаше ист број поени како и ГШК Куманово 1, но со повеќе поединечни победи.

За победничката екипа во претходните кола настапија уште и ЖФМ Весна Секуловска и Леа Ефтовска. Капитен и тренер на екипата е ВМ Влатко Богдановски, кој со својата работа даде значаен придонес за шампионската титула.

На овој начин и дамите собраа 14 поени. МШК Центар остана на 2. место, додека пак, најпријатно изненадување е ГШК Неготино со пласман на третото место. Фото: Архива на ШК Алкалоид

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

ПредходнаГласањето за уставните измени мораше да се случи денес, вели поранешниот претседател на Собранието
СледнаУкраина постигна „забележителен напредок“ во офанзивата