дома Македонија Претреси во Скопје, пронајдена илегална лабораторија за марихуана, приведени четири лица (ВИДЕО)

Претреси во Скопје, пронајдена илегална лабораторија за марихуана, приведени четири лица (ВИДЕО)

90

Полицијата денеска изврши претреси на четири локации на подрачјето на Град Скопје, при што лишени се од слобода четири лица, а пронајдена е илегална лабораторија за производство на марихуана, разни видови дрога и пиштол.

Како што информира МВР, во акцијата биле вклучени полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје во заедничка координирана акција со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи. Тие постапиле по претходно спроведени истраги, преземени мерки и активности и по обезбедени наредби за претрес од Основен кривичен суд Скопје.

При извршен претрес на дом и други простории кај Б.А.(42) пронајдена е илегална лабораторија за одгледување и производство на марихуана. Пронајдени се 289 саксии со засадени 291 растение „cannabis sativa“, заедно со целокупната опрема за одгледување и производство на марихуана, и тоа: ламби за затоплување и осветлување, филтри и црева за прочистување на воздухот, систем за напојување на енергија, вештачки ѓубрива, систем за наводнување и разни видови на алатки за одржување на лабораторијата.

Од страна на полициски службеници сите пронајдени предмети се одземени, Б.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат и за пронајдените над два килограми амфетамин, таблети екстази и кокаин на 10 октомври 2023 година во оградено место за отпад во Влае. Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, како што се наведува, преземаа опсежни мерки и активности и по спроведена истрага врз основа на обезбедени докази, денеска извршен е претрес и во домот на Д.Т.(33). При претресот е пронајден пиштол, а Д.Т. е лишен од слобода и со кривична пријава ќе биде предаден кај Јавен обвинител од ОЈО Скопје.

По претходно спроведена истрага во врска со случајот на пронајден ранец со марихуана и дигитална вага на 11 септември 2023 година во населба Драчево, во текот на денешниот ден претрес е извршен и во домот на Д.Р.(31).

При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и празни опаковки за пакувања на дрога. По документирање на случајот од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Од страна на полициските службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај А.М.(27) и Б.М.(30), бил пронајден хероин. А.М. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

 

– Реклама –

ПредходнаСрамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори
СледнаУкраина нема да се скрши и ќе го истурка руското зло од нејзината територија