дома Црна хроника Приведен српски државјанин, пронајдени седум мигранти од Сирија во неговото возило

Приведен српски државјанин, пронајдени седум мигранти од Сирија во неговото возило

57

На наплатна станица Смоквица денеска лишен е од слобода М.С.(28) од Република Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија.

Како што соопшти МВР, М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ.



ПредходнаВо Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман
СледнаЕУ не може да прогласи, туку само да поддржи хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас