дома Свет Вучевиќ нема врска со Бањска, бесрамни се лагите на Курти

Вучевиќ нема врска со Бањска, бесрамни се лагите на Курти

167





Министерството за одбрана на Србија денеска ги отфрли наводите на косовскиот премиер Албин Курти дека зад нападот во Бањска стои новосадскиот клан на чело со српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението до медиуите Министерство ја повика меѓународната заедница „да реагира без одлагање“ за да се запре, како што оцени, „запаливата и валканата медиумска кампања на раководството во Приштина насочена кон Србија и нејзините функционери“.

Курти на Фејсбук го нарече нападот во Бањска „паравоен и терористички“ и додаде дека Вучевиќ е претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Министерството за одбрана на Србија соопшти дека Курти објавува „безобразни лаги“ и го обвини дека секојдневно го прави истото, како дел од медиумската кампања „против државата Србија и нејзиното раководство“.

Се нагласува дека во интерес на зачувување на мирот и стабилноста на Косово, од клучно значење е властите во Приштина да бидат принудени „веднаш да го прекинат секојдневниот терор“ врз Србите, да ги спроведат сите договори и да ја формираат Заедницата на српски општини (ЗСО).

МИА

– Реклама –








ПредходнаПовеќе од 19.000 луѓе во Либан раселени поради конфликтот меѓу Израел и Хезболах
СледнаДоколку Радоичиќ не биде екстрадиран во Приштина, можна е построга акција кон Србија