Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца се жртвите во хеликоптерска несреќа во Њујорк откако новното летало се распадна во воздух и се урна во реката Хадсон меѓу Менхетен и брегот на Њу Џерси во последната авијациска катастрофа од висок профил во САД. Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека примила извештај за падот во 15:17 часот.
Сите шест лица во леталото загинале, соопштија надлежните. Сведокот Брус Вол раскажа дека видел како хеликоптерот „се распаѓа“ среде воздух, а опашката и пропелерот се откинале. Пропелерот сè уште се вртел додека одвоено од хеликоптерот паѓал надолу.
Видеото објавено на социјалните мрежи покажува дека делови од хеликоптерот се расфрлани во водата, а превртеното летало е потопено.
Спасувачките чамци кружеле околу него. Небото за време на несреќата беше облачно, но видливоста над реката не беше значително нарушена. Федералната управа за авијација го идентификуваше хеликоптерот, а Националниот одбор за безбедност на транспортот започна истрага за несреќата.