дома Свет Украина ја доби деветтата транша од 1.5 милијарди евра од ЕУ

Украина ја доби деветтата транша од 1.5 милијарди евра од ЕУ

136





Киев ја доби деветтата транша во износ од 1.5 милијарди евра од макрофинансиската помош од Европската Унија, соопшти премиерот на Украина, Денис Шмигал, на социјалната мрежа Телеграм, пренесе Укринформ.

Како што посочи тој, вкупната буџетска поддршка на ЕУ за Украина во 2023 година веќе изнесува 15 милијарди евра.

„Ова е еден од најважните фактори што ѝ помага на Украина да остане економски силна и стабилна“, потенцираше Шмигал.

„Во моментов работиме со Европската комисија на нова долгорочна програма за помош на Украина во вредност од 50 милијарди евра. Очекуваме да добиеме 18 милијарди евра следната година“, додаде украинскиот премиер.

Тој изрази благодарност до европските партнери на Украина за нивната непоколеблива солидарност со Киев.

Извор: МИА

– Реклама –








ПредходнаГерманија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа
Следна„Њујорк тајмс“ призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа