дома Економија Рударскиот сектор го поттикна растот на европските и азиските берзи

Рударскиот сектор го поттикна растот на европските и азиските берзи

51

На европските берзи во претпладневното тргување индексите пораснаа благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор и подобрите од очекуваните деловни резултати на повеќе банки и компании.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,03 отсто, на 7.376 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,22 отсто, на 14.835 поени, а париски CAC за 0,20 отсто, на 6.865 поени.

Најмногу претпладнево поскапеа цените на акциите во рударскиот сектор, во просек за 2 отсто, благодарение на поскапувањето на суровините.

Акциите на „Unicredit“ беа, исто така, меѓу најголемите добитници, со раст од 1,8 отсто, откако италијанската банка објави поголем од очекуваниот пораст на добивката во минатиот квартал, со зголемување од 36 отсто на годишно ниво.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, порасна за 0,4 отсто околу , оддалечувајќи се од најниското ниво во речиси една година. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1,1 отсто. Во Хонгконг, пак, паднаа за 0,6 отсто.

И покрај денешниот раст на повеќето берзански индекси, на светските берзи со денови владее претпазливост бидејќи инвеститорите стравуваат од можна ескалација на конфликтот на Блискиот исток меѓу Израел и Хамас. Овој конфликт ги поддржува цените на нафтата на покачени нивоа, што значи, велат аналитичарите, дека инфлацијата во западните земји би можела да остане покачена подолг период отколку што се мислеше.

Инвеститорите стравуваат и од можно ново зголемување на каматните стапки во САД, имајќи предвид дека инфлацијата се движи далеку над целните нивоа на Fed. Сепак, приносите на американските државни обврзници се зголемени во последните месеци, што влијае на голем број каматни стапки на заемите, па аналитичарите сметаат дека Fed нема причина дополнително да ги зголемува клучните каматни стапки.

Оваа седмица инвеститорите ќе се фокусираат на извештајот за бруто домашниот производ (БДП) на САД, како и на податоците за инфлацијата. Предвидено е и објавување на кварталните деловни резултати на голем број технолошки гиганти. Цените на акциите на овие компании силно пораснаа оваа година, па S&P 500 и Nasdaq индексот се во голем плус од почетокот на годината. Затоа, инвеститорите се надеваат дека кварталните резултати на овие технолошки гиганти ќе го оправдаат толку силно зголемување на цените на нивните акции.



ПредходнаБутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена
СледнаПриведено лице од липковско – превезувал огревно дрво без соодветна документација