дома Свет Унгарскиот Парламент ќе донесе „суверена одлука“ за членството на Шведска во НАТО

Унгарскиот Парламент ќе донесе „суверена одлука“ за членството на Шведска во НАТО

55





Унгарскиот Парламент ќе донесе „суверена одлука“ за ратификацијата на шведското барање за членство во НАТО, изјави денеска министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто по разговорот со неговиот турски колега Хакан Фидан.

Сијарто, по повод поднесувањето на предлог-закон за членството на Шведска во НАТО во турскиот Парламент, истакна дека во Унгарија предлог-законот чека на ратификација веќе неколку месеци.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера до Парламентот го достави на ратификација предлог-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

МИА

– Реклама –








ПредходнаРусија бара Албанија да го екстрадира криминалниот бос Кокунов
СледнаПо пукањето во „Ист гејт мол“, едно лице во критична состојба, друго пренесено на Клиниката за торакална хирургија