дома Популарно На Украина ѝ се потребни 42 милијарди евра за воениот дефицит

На Украина ѝ се потребни 42 милијарди евра за воениот дефицит

139





На Украина ќе ѝ требаат 42 милијарди долари помош од меѓународните партнери следната година за да го покрие воениот дефицит, исто како и оваа година, изјави денеска украинскиот премиерот Денис Шмихал.

Тој нагласи дека целиот мирновременски буџет на Украина сега е посветен на одбрана од руска инвазија, што значи дека на државата ѝ е потребна меѓународна помош за да ги покрие другите трошоци.

Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Ние не сме нејзини иницијатори и Русија може да ја спречи во секое време. На среден рок, меѓународната поддршка за украинската економија ќе му помогне на Киев да преземе поголем дел од вкупните трошоци, наведе Шмихал.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПо пукањето во „Ист гејт мол“, едно лице во критична состојба, друго пренесено на Клиниката за торакална хирургија
СледнаРечиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа