дома Македонија Објавено видео од пукањето во „Ист Гејт“, мета бил Раде Трајковски Штекли

Објавено видео од пукањето во „Ист Гејт“, мета бил Раде Трајковски Штекли

153

Порталот „Курир“ успеал да дојде и го објави видеото од надзорните камери во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ од моментите кога засега непознат напаѓач пукаше во две лица, од кои едното е во тешка и критична состојба и веднаш беше испратено во операциона сала поради сериозноста на повредите, а другото лице заврши на Клиниката за торакална хирургија, двајцата со прострелни рани.

На видеото се гледа како двете машки лица излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали. Следени се, на дистанца, од лице со бел дуксер кои носи слушалки и црна капа. Во моментот кога двајцата почнуваат да се симнуваат на ескалаторот, напаѓачот притрчува кон оградата над нив и пука, а потоа бега во спротивниот правец, право кон камерата која го снима. Од снимката се гледа дека пукачот воопшто не носи маска.

Инаку, како што објавија медиумите, мета на нападот и впрочем тешко повредениот е Раде Трајковски Штекли. Тој беше мета и во август, на истата локација, во гаражата на „Ист Гејт Мол“, кога беше пукано кон неговиот блиндиран автомобил, па Штекли не беше погоден.

„Телма“ потсетува дека тој беше спомнуван за време на истрагата за убиството на младиот Јанушев во скопски Аеродром кога избега во Србија. Подоцна беше екстрадиран, но за 6-месечна затворска казна и не беше опфатен и осомничен со истрагата за убиството.

 

– Реклама –

ПредходнаПетмина македонски државјани во Газа, меѓу кои татко и две деца, обарале да се вратат во државава
СледнаМВР објави фотографија од пукачот во „Ист Гејт“, апелира ако некој има информација веднаш да пријави