дома Свет Молдавија блокира повеќе од 20 интернет-страници на руски медиуми

Молдавија блокира повеќе од 20 интернет-страници на руски медиуми

60





Молдавија денеска го блокираше пристапот до повеќе од 20 руски медиумски веб-страници поради „информативна војна што се води против земјата“.

Во уредбата на Службата за разузнавање и безбедност се наведени 22 руски новински куќи кои треба да бидат блокирани, меѓу кои и „Раша тудеј“, НТВ Рен ТВ, државниот медиумски холдинг ВГТРК и други.

Во документот се вели дека на давателите на интернет услуги во земјата им е наредено веднаш да ги блокираат сајтовите на руските медиуми.

Засега Русија не го коментираше потегот на Молдавија.

Молдавија во јуни 2022 година го ограничи телевизиското емитување на вести, аналитички и воени содржини произведени во Русија, дозволувајќи да се емитуваат само руски забавни емисии и филмови.

Односите на поранешната советска република со Москва брзо се влошија по руската инвазија врз Украина.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, ја осуди инвазијата на Украина и ја обвини Русија дека планира државен удар против нејзината Влада и се обидува да ја дестабилизира земјата. Русија ги демантира таквите наводи и ја обвинува Молдавија дека спроведува антируска агенда.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСоветот за безбедност на ОН ја „продлабочи“ кризата во Газа
СледнаДо крајот на месецов ќе донесеме одлука за цената на парното што ќе важи од ноември