На валутните пазари вредноста на доларот во претпладневното тргување во средата во однос на кошничката на валути значително се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,20 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,55 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,60 на 149,85 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0595 долари, додека вчера во ова време беше 1,0680 долари.
Цените на нафтата, пак, се под притисок втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,10 отсто, на 87,98 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 83,60 долари.