дома Магазин Го призна делото и доби кривична пријава жената која ја нападна Елена...

Го призна делото и доби кривична пријава жената која ја нападна Елена Ристеска

52

Mакедонската поп-пејачка Елена Ристеска беше нападната пред познат скопски ноќен клуб.

Од МВР, денеска информираат дека на 24.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П..

Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.

По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје, додаваат од МВР.

Инаку, Ристеска се огласи вчера на социјалните мрежи и потврди дека била нападната пред познат скопски ноќен клуб.

-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, пишува Елена на социјалните мрежи.



ПредходнаКредитирањето на компаниите во еврозоната речиси стагнирало во септември
СледнаЖелезници му должи на ЕВН 4 милиони евра