дома Култура (Ре)осмислената музичка нарација на Добриловoто и Дориановото Пиле Шарено

(Ре)осмислената музичка нарација на Добриловoто и Дориановото Пиле Шарено

74

Изворната музика само привидно се чини вкоренета единствено во минатото, бидејќи денес, за среќа, истата е актуелна како никогаш претходно. Тоа е жанр, којшто во светски рамки доживува поголема еволуција отколку што ние како слушатели можеме да си претпоставиме.


Културно-историските и регионално-етнографските контекстуални случувања деценииве создадоа неправедна тензија помеѓу народниот дискурс и изведбените практики на македонскиот (регионалниот) изворен мелос. Причини има многу, но со појавувањето на продорни познавачи и истражувачи на изворниот бит, анализиран и доживуван надвор од своите нормирано востановени граници, односно размислуван отаде географијата, отаде зборот и отаде мелодијата, домашните изведувачки традиции беа поставени како ентитети кои се, и треба постојано да се развиваат. Истото, со цел свесно да се трансформираат во една од алатките за (ре)конструкција на македонскиот (регионалниот) културен идентитет, станувајќи на тој начин дел од светското културно наследство.

Некои, не само музички традиции, туку и видни уметници, намерно загледуваат во минатото со идеја и потреба истото повторно да го (ре)дефинираат, притоа втопувајќи го ненаметливо преку музиката чувството за национално-културен идентитет во сегашноста и иднината. Мошне убедлив, би додал веќе и очигледен, е случајот со дуото Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ, кои својата, и иднината на материјата со која се зафатиле при концептуалното создавање и изведба на нивниот втор заеднички проект „Пиле шарено“, неотповикливо ја обезбедиле, бидејќи тие не само што ги (ре)актуелизираат, тие ги (ре)осмислуваат одбраните изворни песни, како нови засебни композиции.

Една од најважните вредности на ова интердисциплинарно препрочитување на сложениот феномен, каков што несомнено е домашното орално и музичко раскажување е мноштвото од зададени контексти, кои не завршуваат само на малтене очигледните граници од географијата и културата, туку и значенско-интерпретативно откриваат бројни нијанси на втемелена емоционалност, индивидуална лукавост, прикриена сексуалност и слично, разоткриени низ експерименталните имагинативни и субверзивни талкања на грлото на Грашеска и непркосната виртуозност во создавањето и ослободувањето на звуци од утот во рацете на Јовановиќ.
Двајцата заедно носат една беспрекорна синергија на широк израз и хармонија, во која не само што се надополнуваат, туку истовремено си создаваат безбедно тло за неочекувани гласовно-аранжерски решенија кои напати им пркосат на нормираните етно-очекувањата. Креативен ризик, во кој безрезервно се втурнале за да се осмелат да понудат решенија кои неправедно би било да ги споредуваме со слични експресии од регионалната и светската етно музика, бидејќи вториот албум веќе сигурно потврдува дека Дуото размислува на веќе сопствен изграден код.

Продолжете ТУКА

– Реклама –

ПредходнаГо создадоа Chat-GPT, сега најавуваат и суперинтелигенција
СледнаПопуст за нов мобилен телефон и 50% намалена претплата за сите нови постпејд корисници