дома Свет Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

150





Израелски проектили денеска го погодија сирискиот аеродром во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Тоа е четврти таков инцидент во изминатите две недели.

„Израел ја повтори својата воздушна агресија врз Сирија … со бомбардирањето на меѓународниот аеродром во Алепо“, се наведува во соопштението на невладината организација чие седиште е во Лондон.

Официјален претставник на сириското Министерство за транспорт, Сулејман Калил, изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо.

МИА

– Реклама –








ПредходнаБританија поддржува хуманитарна пауза во Газа, но не и прекин на огнот
СледнаШокиран сум како моите зборови се извртени, го осудувам нападот на Хамас