дома Свет Ќе разговараме за нуклеарните прашања кога Американците ќе бидат помалку непријателски кон...

Ќе разговараме за нуклеарните прашања кога Американците ќе бидат помалку непријателски кон Русија

156





Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Русија ќе разговара со САД за контрола на нуклеарното вооружување само кога Американците нема да бидат непријателски настроени кон Москва.

– Ние веруваме дека без промена на длабоко и суштински непријателскиот став на САД кон Русија, едноставно е невозможно да се продолжи дијалогот за стратешка стабилност, вклучително и за темата Нов СТАРТ, посочи Рјабков.

Новиот договор СТАРТ, последниот билатерален договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу двете земји истекува во 2026 година.

Горниот дом на рускиот Парламент денеска одобри повлекување од ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови. Од своја страна, САД во јуни соопштија дека се подготвени да ги почитуваат ограничувањата за бројот на нуклеарни боеви глави утврдени во Договорот за неширење на нуклеарно оружје Нов СТАРТ сè додека Русија го прави истото.

Москва во февруари го суспендираше своето учество во овој билатерален договор, чија важност истекува во 2026 година.

Русија и САД заедно поседуваат речиси 90 отсто од целото нуклеарно оружје во светот.

МИА

– Реклама –








ПредходнаХамнеи обвини дека САД управуваат со израелските напади врз Газа, порача дека „идниот свет е светот на Палестина“
СледнаБританија поддржува хуманитарна пауза во Газа, но не и прекин на огнот