дома Магазин Џенифер Лопез ја продаде вилата во Бел Ер за 34 милиони долари

Џенифер Лопез ја продаде вилата во Бел Ер за 34 милиони долари

59

Џенифер Лопез ја продаде својата луксузна куќа во населбата Бел Ер во Лос Анџелес. Новата сопственичка платила 34 милиони долари, пишува „Волстрит журнал“.

Цената била неколкупати снижена, затоа што вилата првично чинеше 42 милиони долари.

Имотот има девет спални соби и 13 бањи. Има и вежбалница, амфитеатар, тераса и огромен базен. Џенифер Лопез и Бен Афлек размислувале да ја реновираат куќата, но очигледно се премислиле. Американската латино-пејачка го купила ова здание за 28 милиони долари од глумицата Села Вард пред седум години години.

Во мигов, Лопез и Афлек живеат во Беверли Хилс. Имотот со површина од 1.200 квадратни метри има базен и домашна киносала.



ПредходнаШират ли противниците на рудникот Иловица антизападна пропаганда?
СледнаВо Скопје обезбедени докази за убиство на жена во Белгија