
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.
Седницата е закажана за 10 часот, а засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27 мај, на 28 мај експресно беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај пак под ирно беше избран за јеромонах.
Одлуката за избор се носи со просто мнозинство. Во црковните редови има 12 владици, кои управуваат со епархии, така што за избор на идниот митрополит ќе бидат доволни седум гласови. Ако соодносот на гласовите е 50-50, пресудува гласот на архиепископот.
Минатата недела беа одржани мирни собири на верниците, во Охрид, Скопје и во Кичево, кои се залагаат за изборот на епископот антаниски Партениј за нов охридски владика. Големо незадоволство кај верниците е што изборот на новиот владика е евтина емстенка на крилото на архиепископот и постарите владици, доека верниците стојат за првиот човек на Бигорскиот манастир ПАртениј, кој е сериозно кативен и во црковната дипломатија и има голем респект меѓу граѓаните и верниците .