дома Свет Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

 Израел утрово  го нападна  Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Нападот е извршен по зголемувањето на  тензиите околу напорите на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма.

Во меѓувреме Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели.
„По превентивниот напад на државата Израел врз Иран, во непосреден рок се очекува напад со ракетни и беспилотни летала врз државата Израел и нејзиното цивилно население“, изјави министерот за одбрана Израел Кац.

Двајца американски претставници, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека Израел започнал да извршува напади врз Иран и дека немало помош или вмешаност на САД во операцијата.

Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот.

 

ПредходнаВо авионот на Ер Индија што се урна денеска имало 242 патника
СледнаКој беше целта во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…