
Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници.
Досега е потврдно за загинување на следните лица:
-Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC)
-Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал Анбија
-Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен шеф на иранската Организација за атомска енергија
-Мохамед Мехди Техранчи, нуклеарен физичар поврзан со програмата за развој на нуклеарно оружје на Иран
-Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран
Исто така, според ирански извори, Али Шамкани, висок советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, е тешко повреден.

– Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран, е исто така убиен за време на израелските напади извршени утринава, јавија ирански државни медиуми.
Салами првпат се приклучи на Револуционерната гарда во 1980 година за време на избувнувањето на војната меѓу Иран и Ирак. Како што се искачуваше низ воените редови, тој стана познат по својата остра реторика против САД и сојузниците на САД.
Тој е под санкции на СБ на ОН и САД поради нејзината вмешаност во нуклеарните и воените програми на Иран. Тој беше на чело на Револуционерната гарда кога Иран го започна својот прв директен воен напад врз Израел лани.
Салами вчера изјави дека Иран е „целосно подготвен за сите сценарија, ситуации и околности“. „Непријателот мисли дека може да се бори против Иран на ист начин како што се бори против беспомошните Палестинци кои се под израелска опсада. Ние сме искусни во војна“, рече тој.
Салами е меѓу неколкуте високи функционери убиени во израелскиот напад. Иранските државни медиуми објавија дека е убиен и Ферејдон Абаси, поранешниот шеф на Организацијата за атомска енергија.
Дополнително, Израел верува дека во нападите врз Иран биле елиминирани и шефот на иранската армија, Мухамед Багери, како и други членови на военото раководство и нуклеарни научници.